свет

Свлечиште во Кина: Спасувачите трагаат по исчезнатите

По големото лизгањето на земјиштето што се случи вчера во Кина, беа пронајдени 15 безживотни тела. Спасувачките екипи продолжуваат да работат со цел пронаоѓање на 118 исчезнати

Tevfik Durul  | 25.06.2017 - Обновена : 26.06.2017
Свлечиште во Кина: Спасувачите трагаат по исчезнатите

Peking

ПЕКИНГ (АА) - По лизгањето на земјиштето што се случи вчера во југозападната кинеска провинција Сечуан, спасувачките екипи под слоевите на почвата и урнатините извлекоа 15 безживотни тела, јавува Anadolu Agency (AA).

Според кинеската новинска агенција Синхуа, по големото лизгањето на земјиштето што се случи вчера во југозападниот дел на Кина беа пронајдени 15 безживотни тела. Спасувачките екипи продолжуваат да работат интензивно, со цел да пронајдат уште 118 исчезнати лица.

Кинеските власти, за спасување и за помош на погодените подрачја ангажираа повеќе од 3.000 луѓе.

Свлечиштето вчера затрупа 46 куќи и 141 мештани од тоа село. Лизгањето на земјиштето се случи откако во локалната река се срушија стени, поради што реката се излеа и го блокира патот во должина од 1,6 километри.

Официјалните лица изјавија дека при лизгањето на земјиштето дошло до поместување на три милиони кубни метри земја, што е еднакво на големината на илјада олимписки базени.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın