свет

Секоја година во светот 1,25 милиони луѓе умираат во сообраќајни несреќи

Во извештајот на СЗО се наведува дека околу 1,25 милиони луѓе умираат во сообраќајни несреќи. Во светот дневно 3.300 лица умираат во сообраќајки

Emel Öz Gözellik  | 18.11.2017 - Обновена : 19.11.2017
Секоја година во светот 1,25 милиони луѓе умираат во сообраќајни несреќи

Ankara

АНКАРА (АА) - Секоја година во светот како последица на сообраќајни несреќи околу 1,25 милиони луѓе ги губат своите животи, а милиони се ранети, јавува Anadolu Agency (AA).

Новинар на АА, правејќи проценка на информациите кои ги објави Светската здравствена организација (СЗО), дојде до податоци според кои сообраќајните несреќи се причина поради која луѓето добиваат сериозни повредни или кај луѓето создаваат долготрајни здравствени проблеми.

Сообраќајните несреќи се најголема причина за смртност на возраст од 15 до 29 години

Во извештајот за Глобална безбедност на патиштата, објавен во 2015 година од страна на СЗО, се наведува дека околу 1,25 милиони луѓе секоја година ги губат своите животи во сообраќајни несреќи. Оваа значи дека дневно во светот 3.300 лица умираат како последица на сообраќајки.

Според извештајот, на светско ниво, сообраќајките се наоѓаат на 9 место како причина за смртност на луѓето. Во истиот извештај се вели дека сообраќајките се причина број еден за смртност на лицата на возраст од 15 до 29 години. Секоја година 1 милион деца или млади поради сообраќајки или ги губат своите животи или се повредуваат.

Доколку не се преземат потребните превентивни мерки, се предвидува дека во 2030 година, сообраќајките би можеле да дојдат на 5. место како причина за смртност на луѓето.

Во подрачјето на Африка има најголем број сообраќајни несреќи

Според објавените податоци, на глобално ниво, на 100.000 жители 17 умираат во сообраќајки. Европа е подрачје со најмалку смртни случаи во сообраќајните несреќи, додека во Африка е забележан најголем број на смртни случаи како последица на сообраќајки. Во Европа, во сообраќајни несреќи умираат 9,3, додека во Африка 27 лица.

Сообраќајните несреќи се причина за смртност на 20 лица на 100.000 жители во подрачјето на источен Медитеран, 17,3 во западен Пацифик, 17 во југоисточна Азија, додека 16 отсто во Северна и Јужна Америка.

Во извештајот се вели дека во периодот 2010-2013 е забележан сериозен пад на жртвите од сообраќајки во 79 земји, додека во 68 земји во истиот период е забележан пораст.

90 отсто од сообраќајките се случуваат во земјите со ниски и средни приходи

Глобално гледано, сообраќајните несреќи годишно предизвикуваат штета од 518 милијарди долари.

Иако на светско ниво, 54 отсто од возилата се наоѓаат во земјите со ниски и средни приходи, 90 отсто од несреќите се предизвикани во овие земји.

Во сообраќајните несреќи 49 отсто од загинатите се пешаци, мотоциклисти и велосипедисти.

Намалувањето на смртноста во сообраќајните несреќи со помош на Одржливи цели за развој

Како 5 основни ризични фактори за смртност во сообраќајните несреќи се јавуваат брзината, алкохолот, не користење на кацига, не користење на сигурносен ремен и немање детско седиште.

Светската здравствена организација планира со својот проект на Одржливи цели за развој до 2020 година да ја намали смртноста во сообраќајните несреќи од 1,2 милиони на 600.000.

За да се постигне оваа цел, особено во земјите со ниски и средни примања, потребно е исполнување на голем број предуслови. Тоа предвидува вложување напори за обезбедување на поголема безбедност на патиштата, побезбедни возила и вложување поголеми напори околу користењето на алкохолот и големите брзината при управувањето со возила.

Секоја година, третата недела од ноември е именувана за „Светски ден во спомен на жртвите од патниот сообраќај”. Оваа година овој ден ќе се одржи на 19 ноември.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.