свет

Сириската опозиција се состана во Ријад

Главната цел на состанокот е обединување на опозициските групи и заземање единствен став за продолжување на процесот на мировните преговори под покровителство на ОН во Женева, за да се пронајде политичко решение за кризата во Сирија.

Ali H. M.Abo Rezeg  | 22.11.2017 - Обновена : 22.11.2017
Сириската опозиција се состана во Ријад (Ramazan Turgut / AA)

Riyad

ДОХА (АА) - Во главниот град на Саудиска Арабија, Ријад, започна дводневниот состанок на делегацииите на групите од сириската опозиција, јавува Anadolu Agency (AA).

Главната цел на состанокот е обединување на опозициските групи и заземање единствен став за продолжување на процесот на мировните преговори под покровителство на ОН во Женева, за да се пронајде политичко решение за кризата во Сирија.

На првиот состанок присуствуваше шефот на саудиската дипломатија Адел ал-Џубаир, специјалниот пратеник на ОН за Сирија, Стефан де Мистура и 150 членови на опозициските групи од Сирија.

„Собирот е организиран во согласност со меѓународниот консензус за неопходноста за пронаоѓање на политичко решение за сириската криза. Решението е невозможно без консензус во Сирија што ќе ги задоволи очекувањата и ќе го прекине страдањето на народот во таа земја“, изјави Ал Џубеир.

Специјалниот пратеник Де Мистура изрази надеж дека состанокот во Ријад ќе придонесе за продолжение на преговорите во Женева. Тој најави дека во Женева ќе се разговара за создавање на новиот сирискиот устав и за формирање транзициска влада којашто ќе ги вклучува сите групи.

Конференцијата на сириската опозиција во Ријад се одржува само неколку дена по изненадувачката оставка на шефот на Врховниот преговарачки комитет на сириската опозиција (HNC), Ријад Хиџаб. Станува збор за главното претставничко тело што опозицијата го формираше пред две години во Саудиска Арабија.

Војната во Сирија започна во март 2011 година, а неколкуте круга на мировните преговори во Женева и во Астана не успеаја да донесат мир во земјата.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.