свет

Сирија: Во воздушна операција на руските сили убиени 200 милитанти на ДЕАШ

Министерството за одбрана на Русија соопшти дека во операцијата се убиени 200 милитанти на ДЕАШ, а уништени се и 20 воени возила, неколку тенка, неколку оклопни возила...

Emre Gürkan Abay  | 21.08.2017 - Обновена : 21.08.2017
Сирија: Во воздушна операција на руските сили убиени 200 милитанти на ДЕАШ АА/Архива

Moskva

МОСКВА (АА) - Русија спроведе воздушна операција во Сирија во којашто неутрализираше 200 милитанти на терористичката организација ДЕАШ, јавува Anadolu Agency (AA).

Министерството за одбрана на Русија соопшти дека во Сирија е извршен воздушен напад врз конвој на ДЕАШ кој се движел кон Деир eз-Зор.

Во соопштението се наведува дека во операцијата се убиени 200 милитанти на ДЕАШ, а уништени се и 20 воени возила, неколку тенка, неколку оклопни возила, камиони со муниција кои биле во составот на конвојот.

Министерството за одбрана на Русија наведува дека терористичката организација ДЕАШ, која ја губи моќта во Рака и во Западен Хомс, во текот на август се фокусира на структурирање во сирискиот град Деир eз-Зор. Во соопштението се истакнува дека од стратешко значење е поразот на терористичката организација во Деир eз-Зор.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın