свет

Сирија: Изршен напад со барел бомби со хлорна содржина врз градот Хама

„Кај лицата изложени на напад со хлор, се појавуваат симптоми како повраќање, вртоглавица, оштетување на видот, отежнато дишење. Состојбата на некои од затруените лица е сериозна“

Halit Süleyman  | 30.03.2017 - Обновена : 30.03.2017
Сирија: Изршен напад со барел бомби со хлорна содржина врз градот Хама

Hama

ХАМА (АА) – Воените авиони на силите на режимот извршиле напад со барелни бомби во кои имало хлор, врз руралните региони на сирискиот град, Хама, а гасот се погодени околу 100 лица, јавува Anadolu Agency (AA).

Мухамед Улван, доктор во болницата „Латамнех“ во Хама, во својата изјава за АА истакна дека воените хеликоптери на силите на Асад извршиле напад со барелни бомби во кои имало хлор, врз појасот Латамнех и врз селото Eз-Зувар.

„Кај лицата изложени на напад со хлор, се појавуваат симптоми како повраќање, вртоглавица, оштетување на видот, отежнато дишење. Состојбата на некои од затруените лица е сериозна“, истакна Улван, нагласувајќи дека 100 лица се затруени од гасот испуштен при нападот врз појасот и селото кои се под контрола на опозицијата.

Силите на Асад вчера извршија напад врз еден кварт во главниот град на Сирија, Дамаск, во кој од гасот биле затруени 35 цивили.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın