свет

Сирија: Напад со хемиско оружје на Асадовиот режим во Источна Гута

Официјални претставници на болницата во Дума за Anadolu Agency (AA) истакнаа дека последиците од нападот биле почувствувани од 16 цивили

Ekipa  | 26.02.2018 - Обновена : 26.02.2018
Сирија: Напад со хемиско оружје на Асадовиот режим во Источна Гута

Istocna Guta

ИСТОЧНА ГУТА/АНКАРА (АА) - Режимот на сирискиот претседател Башар ал-Асад, и покрај одлуката на Советот за безбедност на Обединетите нации (ОН) за едномесечен прекин на огнот во земјата, во Источна Гута употреби хемиско оружје.

Припадниците на Цивилната одбрана (Бели шлемови) на социјалните мрежи наведоа дека режимот на Асад врз подрачјето на Шифоније, во Источна Гута, извршил напад хемиско оружје кое содржи хлор.

Официјални претставници на болницата во Дума за Anadolu Agency (AA) истакнаа дека последиците од нападот биле почувствувани од 16 цивили.

Режимот на Асад во последните два месеца врз Дума во три наврати изведе напади со хлор.

Официјални претставници на болницата истакнаа дека во бомбардирањето изведено во текот на денот, покрај нападот со хемиско оружје, загинало едно дете.

Режимските сили во утринските часови изведоа напади од воздух и од копно врз Дума, Хареста, Шифоније, Кефер Батна, Хамурије, Сакба, Беит Сава и Мерџ, кои припаѓаат на Источна Гута. Во бомбардирањата загинаа четири цивили.

Така, во бомбардирањата на сирискиот режим кои започнаа во утринските часови загинаа вкупно 5 цивили.

Репортерите на АА во Идлиб и Хама јавија дека извршени се напади на населбите Џиср аш-Шугур и Кафр ез-Заит во Хама.

Нацрт-резолуцијата за прекин на огнот беше предложена од Шведска и Кувајт, а резолуцијата беше усвоена едногласно во саботата во Советот за безбедност на ОН. Со оваа резолуција договорено е 30-дневно примирје во рамките на кое ќе се обезбеди хуманитарна помош и медицинска евакуација.

Во резолуцијата, од сите страни во Сирија е побарано да ги прекинат судирите во период од најмалку 30 дена.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın