свет

Системот за одбрана S-400 со своите можности го привлекува вниманието

Системот за одбрана S-400, кој Турција планира да го купи од Русија, нуди високоефикасна заштита S-400 има способност да ги лоцира невидливите авиони и балистички проектили на растојание од 600 километри и да ги уништи

Ali Cura  | 20.09.2017 - Обновена : 21.09.2017
Системот за одбрана S-400 со своите можности го привлекува вниманието

Moskova

МОСКВА (АА) - Системот за одбрана S-400, кој Турција планира да го купи од Русија, има способност за високоефикасна заштита, јавува Anadolu Agency (AA).

Според податоците од анализата на АА, по ракетниот систем S-300 од времето на Советскиот Сојуз, почнало да се работи на развивање на системот S-400, кој од 2007 година досега се наоѓа во инвентарот на руската армија.

Системот S-400 се промовира како производ за заштита на значајни политички, економски и воени цели со „висока ефикасна заштита“.

Овој систем во светот се претставува како еден од двата најдобри системи за одбрана. Способен е да уништува борбени авиони, авиони со антирадар-системи, извидувачки авиони, стратегиски и тактички авиони, оперативно-тактички балистички проектили, балистички проектили со среден дострел, хиперсонични цели и останати развиени воздушни средства за напад.

Баталјон на системот S-400 се состои од најмалку еден мобилен оперативен команден центар, 8 ракетни фрлачи и 32 проектила.

Системот S-400 може во исто време да користи проектили со краток, среден и со долг дострел. Овој систем може да ја лоцира целта на оддалеченост од 600 километри, а ракетите што ги исфрла се движат со брзина од 4,8 километри во секунда. Системот има способност за помалку од 10 секунди да реагира на откриената цел.

Користејќи го ракетниот модел 40N6 со многу долг дострел, системот S-400 може да погоди цели на оддалеченост од 400 километри, со ракетниот модел 48N6 со долг дострел - цели на 250 километри, со ракетниот модел 9M96E2 со среден дострел - цели на оддалеченост до 120 километри и со ракетниот модел 9M96E со кус дострел, цели до 40 километри.

Меѓу целите што може да ги уништи овој ракетен систем се невидливите авиони B-2 и F-117, стратегиските авиони-бомбардери B-1, F-111 и B-52H, електронските ХАРП авиони EF-111A и EA-6, извидувачкиот авион TR-1, авионите E-3A и E-2C со радар за рано предупредување (AWACS), борбени авиони F-15, F-16, F-35 и F-22, проектили томахавк и балистички проектили.

Според руските медиуми, во Русија постојат 5 воени полкови со системот S-400 во подрачјето на Москва, Јужното воено подрачје, Пацифичката и Балтичката флота. Во секој полк постојат по 8 системи на ракетни фрлачи, групирани по два баталјона. Русија планира бројот на баталјони со системот S-400 до 2020 година да го зголеми на 56.

Русија досега, околу продажбата на ракетниот систем S-400, покрај со Турција, се договори само уште со Кина. Одговорните претставници од руската индустрија за одбрана, во февруари објавија дека започнале со производство на системите за Кина, но потоа беше објавено дека првата испорака нема да биде пред 2018 година.

Претходно, Индија и Иран остварија средби со Русија за купување на ракетниот систем S-400. Владимир Кожин, советник за воено-технички работи на рускиот претседател Владимир Путин, од порано имаше изјавено дека голем број земји влегле во ред за купување на овој ракетен систем, додавајќи дека меѓу нив се наоѓаат земји-членки на Договорот за колективна безбедност, земји од југоисточна Азија и земји од Блискиот Исток.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın