свет

Солзи радосници на лицата на повратниците во ослободено село кај Африн

Турските сили и Слободната сирисла војска моментално напредуваат кон центарот на Африн од северот, западот и северозападот, а досега во операцијата „Маслинова гранка" ослободија вкупно 14 точки

Kerem Kocalar, Özkan Beyer  | 23.01.2018 - Обновена : 24.01.2018
Солзи радосници на лицата на повратниците во ослободено село кај Африн

Kilis

КИЛИС / АФРИН (AA) - Керем Кочалар

Жителите се враќаат во селото Сенкал во сирискиот регион Африн. Тоа е првото ослободено место од терористите на ПЈД/ПКК во операцијата „Маслинова гранка" која турската војска и Слободната сириска армија во тој пограничен регион ја спроведуваат од сабота, пишува Anadolu Agency (AA).

Репортерската екипа на АА го посети ослободеното село Сенкал во Африн кое терористите на ПЈД/ПКК под окупација го држеа од 2012. година.

Станува збор за село кое се наоѓа на ридестата периферија на Африн од која терористите претставуваа артилериска закана за Идлиб, но и за турските погранични градови Килис и Хатај.

Оддалечено само пет километри од сириско-турската граница, селото Сенкал беше една од главните рути по која терористите на ПЈД/ПКК одеа на планината Аманос и илегално ја преминуваа границата.

Селото е ослободено од терористите на ПЈД/ПКК а моментално го контролира опозициската Слободна војска на Сирија.

Жителите на селото почнаа да се враќаат од соседните места во кои пребегнаа под притисок на терористите.

Репортерите на АА го снимаа враќањето на Ајше Махмуд со нејзините пет деца. Таа во селото влезе со трактор, а нејзината средба со војниците на Слободната сириска војска беше многу емотивна.

Таа во разговор за АА изјави дека терористите на ПЈД го заробиле нејзиниот маж и тројца синови бидејќи одбиле да се борат во редовите на таа терористичка група.

„Не знам ништо за судбината на мажот и моите три сина, остана само да се молам и да се надевам дека повторно ќе ги видам живи. Бегалскиот живот и животот во туѓина не се издржува и се вратив штом слушнав дека моето село е слободно", рече Махмуд.

Истакнувајќи дека терористите на ПЈД константно вршеле притисоци и злосторства врз селаните на окупираните села, Махмуд рече дека терористите ги плашеле локалните Курди, Арапи и Туркмени дека турската војска ќе ги убие ако дојде.

„Имав малку страв додека доаѓав, но пресреќни сме со ова што го гледаме. Нека Бог и помогне на Турција, Реџеп Таип Ердоган и Слободната сириска војска", порача Махмуд.

Турските сили и Слободната војска на Сирија моментално напредуваат кон центарот на Африн од северот, западот и северозападот, а досега ослободија вкупно 14 точки.

Операцијата во Африн е започната во рамките на правото на Турција коешто е засновано на меѓународното право и на резолуциите на Обединетите нации (ОН), особено на оние што се однесуваат на борбата против тероризмот 1624 (2005), 2170 (2014) и 2178 (2014).

Турција се повикува и на член 51 од Договорот на ОН, односно Правото на самоодбрана. Операцијата се спроведува со почитување на територијалниот интегритет на Сирија.

Силите лојални на режимот на сирискиот претседател Башар ал Асад, во јули 2012 година, без борби им ја препуштија контролата во Африн на терористите на ПЈД/ПКК. Африн стана еден од главните центри на таа терористичка организација.

Терористите на ПЈД/ПКК моментално под окупација држат 65 отсто од сириско-турската граница, а во Африн се наоѓаат меѓу 8.000 и 10.000 терористи.

ПЈД/ПКК е сириски огранок на терористичката организација ПКК која се наоѓа на листата терористички организации во Турција, САД и ЕУ. ПКК уште од средината на осумдесеттите години на минатиот век спроведува терористичка кампања против Турција.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın