свет

Состанок на Воениот одбор на НАТО: Во фокус безбедносната ситуација на југот од Европа

„Воената соработка е многу значаен сегмент. Но, воената соработка може да биде ефективна и долгорочна само ако се третира со политички, економски, општествени и со правни случувања“, порача Павел

Şerife Çetin  | 16.01.2018 - Обновена : 16.01.2018
Состанок на Воениот одбор на НАТО: Во фокус безбедносната ситуација на југот од Европа

Brussels Hoofdstedelijk Gewest

БРИСЕЛ (АА) - Во Брисел денес започна 178. состанок на Воениот одбор на началниците на генералштабовите на НАТО, јавува Anadolu Agency (AA).

Претседавачот со Воениот одбор на НАТО, Петр Павел, за медиумите изјави дека денешниот состанок претставува подготовка за состанокот на министрите за одбрана во февруари, односно за самитот на НАТО планиран за јули.

„Воената соработка е многу значаен сегмент. Но, воената соработка може да биде ефективна и долгорочна само ако се третира со политички, економски, општествени и со правни случувања“, порача Павел.

Тој додаде дека во текот на првиот состанок, генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, на началниците на генералштабовите ќе им даде информации за соработката на НАТО и Европската Унија (ЕУ). Потоа во план е да се говори за безбедносната ситуација на југот од Европа.

Тој, исто така, додаде дека во фокус ќе биде и безбедносната ситуација на Блискиот Исток и Северна Африка, а ќе се разговара и за придонесот на НАТО во меѓународната коалиција за борба против ДЕАШ и улогата во Иран.

На вториот ден од состанокот ќе се разговара за случувањата во Украина, но и за односите меѓу НАТО и Грузија.

Павел на крајот истакна дека последната сесија е предвидена за разговори околу модернизацијата и адаптацијата на НАТО, и дека во овој контекст ќе се дискутира и за воените приоритети на НАТО.

Во Брисел денес ќе остварат средба и началникот на Генералштабот на Војската на Република Турција, генерал Хулуси Акар, и началникот на Генералштабот на Армијата на САД, генерал Џозеф Данфорд. Состанокот ќе се одржи пред можната акција на турските сили врз сирискиот град Африн, а се очекува Акар и Данфорд да разговараат за настаните во Сирија и за безбедносните проблеми во Сирија.

Инаку, на состанокот на Воениот одбор на началниците на генералштабовите на НАТО кој се одржува во Брисел од Република Македонија учествува началникот на Генералштабот на Армијата на Република Македонија генерал-потполковник Методија Величковски.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın