свет

Социјалните мрежи со нови докази за мешањето на Русија во изборите во САД

Профилите на социјалните мрежи поврзани со групата под назив Руска истражувачка агенција за интернет, испорачале повеќе од 80 илјади пораки со „сомнителна содржина“

Ayşe Aktaş  | 31.10.2017 - Обновена : 01.11.2017
Социјалните мрежи со нови докази за мешањето на Русија во изборите во САД

Ankara

АНКАРА (АА) - Американските технолошки компании открија повеќе докази за мешањето на Русија во претседателските избори во САД одржани во ноември 2016 година, пренесува Anadolu Agency (AA).

Според документите до коишто дојде „Washington Post“ (Вашингтон пост), а кои „Facebook“ (Фејсбук) планира да ги проследи до американскиот Сенат, профилите на социјалните мрежи поврзани со групата под назив Руска истражувачка агенција за интернет, во периодот пред и по претседателските избори во САД испорачале повеќе од 80 илјади пораки со „сомнителна содржина“, како што се наведува.

Се работи за пораки проследени во периодот меѓу јуни 2015 и август 2017 година, кои стигнале до 126 милиони корисници на социјалната мрежа „Facebook“, и претежно имале дискриминациска и политичка содржина.

Исто така, весникот дојде и до документи што социјалната мрежа „Twiter“ (Твитер) планира да ги проследи до Сенатот. Се наведува дека одредени профили, исто така поврзани со руската група, за време на изборите во САД објавиле 1,4 милиони твитови, поради што се блокирани 36 илјади бот сметки на оваа социјална мрежа.

Од Гугл е соопштено дека одредени руски оператори, исто така поврзани со наведената група, користеле одредени платформи на оваа компанија за да влијаат на американските гласачи.

Компанијата откри 18 канали на видеоплатформата „YouTube“ (Јутјуб), кои споделија 1.108 видеоснимки во рок од околу 43 часа. Исто така, откриени се и руски пребарувачи на интернет и видеореклами, во вредност од 4.700 долари.

„Facebook“ во септември оваа година соопшти дека во периодот од јуни 2015 до мај 2017 година биле направени околу 3.000 реклами за 470 профили од Русија, а за рекламирањето се потрошени околу 100 илјади долари.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.