свет

Спектакуларен огномет на Ајфеловата кула за Денот на падот на Бастилја

Во Париз се одржа централната манифестација и воената парада, а заедно со претседателот на Франција, како почесен гостин во Париз беше американскиот претседател Доналд Трамп.

Elvir Hocic  | 15.07.2017 - Обновена : 16.07.2017
Спектакуларен огномет на Ајфеловата кула за Денот на падот на Бастилја Mustafa Yalçın/AA

Paris

ПАРИЗ (АА) - Со спектакуларен огномет на Ајфеловата кула, синоќа Французите го прославија најважниот национален празник во земјата, Денот на падот на Бастилја, јавува Anadolu Agency (AA).

Со низа манифестации, вчера во Франција беше одбележан Денот на слободата, односно Денот на падот на Бастилја.

Во Париз се одржа централната манифестација и воената парада, а заедно со претседателот на Франција, како почесен гостин во Париз беше американскиот претседател Доналд Трамп.

Присуството на Трамп има и уште една друга симболика бидејќи се одбележува стогодишнината од вклучувањето на американските сили во Првата светска војна во која тие беа сојузници на Франција.

Најголемиот француски празник синоќа имаше спектакуларен огномет на Ајфеловата кула. Денот на падот на Бастилја е национален празник во знак на сеќавењето на 14. јули 1789 година кога падна Бастиља, озлогласената темнина којашто од 14. век служеше како затвор.

Револуционерните сили ја освоија злогласната тврдина Бастилја, во париското предградие Сен Антон, а така започна Француската револуција која ја промени Франција и Европа воопшто.

Таа револуција ја означува епохата на слободата од феудалниот притисок и неправедноста, укинувањето на формата на зависност и личните слободи на луѓето.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın