свет

Тврдења дека Франција ги вооружила лицата што го извршија геноцидот во Руанда

Новинарот Патрик де Сен-Егзипери, познат по неговите написи во врска со геноцидот во 1994 година во Руанда, тврди дека Франција им помогнала на тие што го извршија геноцидот во Руанда

Murat Ünlü  | 28.06.2017 - Обновена : 28.06.2017
Тврдења дека Франција ги вооружила лицата што го извршија геноцидот во Руанда

Paris

ПАРИЗ (АА) - Се тврди дека и покрај одлуката на Обединетите нации (ОН) за ембарго кон Руанда во периодот кога Хутите извршија геноцид врз Тутсите, Франција ги вооружила Хутите, Anadolu Agency (AA).

Новинарот Патрик де Сен-Егзипери, познат по неговите написи во врска со геноцидот во 1994 година во Руанда, во којшто екстремната милиција на Хутуите уби околу 800.000 Тутси и Хути што не ја поддржуваа нивната екстремна политика, во својот напис насловен „Нашите злосторства во Африка“ во списанието „XXI“, на основа на француските архиви тврди дека Франција им помогнала на тие што го извршија геноцидот во Руанда.

Де Сен-Егзипери во својот напис потсетува дека во текот на геноцидот, во рамките на операцијата „Туркуаз (Тиркиз)“ 2.500 француски војници биле испратени за да го спречат геноцидот. Тој истакнува дека на овие војници им била издадена тајна наредба да ги вооружат Хутите кои го извршија геноцидот.

Тој своите тврдења ги заснова на сведочењето на неименуван надлежен кој истражувал над 80 документи откако поранешниот претседател Франсоа Оланд, во април 2015 година, издал наредба за отворање на архивите за Руанда. Новинарот истакнува дека наредбата за вооружување на Хутите во писмена форма ја издал Хуберт Ведрин, генерален секретар на тогашниот претседател Франсоа Митеран.

Де Сен-Егзипери истакна дека наредбата е дадена по донесената одлука за ембарго кон Руанда во 1994 година, од страна на ОН.

Франција низа години беше критикувана од страна на меѓународната јавност и во земјата, поради поддршката на владата на Хутите којашто го изврши геноцидот.

„Не е толку важно кога случува геноцид во земји како Руанда“, истакна поранешниот француски претседател Франсоа Митеран, во изјава за весникот „Le Figaro“ (Ле Фигаро) во 1998 година.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın