Терористите на ПКК/ПЈД го делат со Асад профитот од нафтата од Хасеке
Репортерот на АА од покраината Хасеке јавува дека силите на сирискиот режим и терористите на ПКК/ПЈД заеднички ги контролираат трите активни нафтени полиња и шест затворени полиња, кои се во подготовка за отворање
Haseke
ХАСЕКЕ/ АНКАРА (АА) - Режимот на сирискиот претседател Башар Ал Асад се договорил да ја дели добивката од нафтата од полињата во североисточниот дел на земјата, кој е под контрола на терористичката организација ПКК/ПЈД, јавува Anadolu Agency (AA).
Репортерот на АА од покраината Хасеке јавува дека силите на сирискиот режим и терористите на ПКК/ПЈД заеднички ги контролираат трите активни нафтени полиња и шест затворени полиња, кои се во подготовка за отворање.
На подрачјето Хасеке, кое го контролираат терористите на ПКК/ПЈД, активни се три нафтени полиња, Румејлан, Ал-Свеидијех и Кара Шук. На овие подрачја, на околу 350 помали извори дневно се произведуваат меѓу 30.000 и 35.000 барели нафта.
Неодамна, ПКК/ПЈД му го предаде одделот за производство на нафта во Румејлан на режимот на Асад и со нив постигна договор за распределба на приходите.
Според тој договор, на режимот му припаѓаат 65 отсто од приходите, а ПКК/ПЈД добива 20 отсто. Остатокот оди за локалните арапски сили. Покрај тоа, режиот од Дамаск е задолжен да ги сноси трошоците за осигурување и да ги плаќа вработените на нафтените полиња.
Паралелно со тоа, терористичката организација ПКК/ПЈД ја задржа својата канцеларија во Румејлан, а вработените во таа канцеларија редовно ја известуваат организацијата за работата на нафтените полиња.
Нафтата што се црпи во Хасеке, со цистерни се транспортира до рафинеријата во Хомс, која е под контрола на силите на сирискиот режим. За транспорт на таа нафта е задолжен Хусам Катирџи, близок пријател на семејството Асад.
Дел од нафтата од Хасеке се транспортира и кон ирачкиот регион Синџар.
Во провинцијата Хасеке постојат уште 6 нафтени полиња, кои моментално не се активни, а станува збор за полињата Кахтаније, Бедран, Зарба, Саиде, Бабаси и Алјан.
Во тек се работите за оспособување и на тие полиња, кои при судирите беа оштетени. Се очекува и нафтата од тоа подрачје да тргне кон рафинериите во Хомс.
Според податоците на ресорното сириско министерство, пред почетокот на војната, во 2011 година, во Сирија се произведени 385.000 барели сурова нафта. Од земјата се извезени 150.000 барели, додека преостанатиот дел е преработен во рафинериите во Хомс и Банјасу.
Во текот на првите три години од војната во Сирија, намалено е производството на нафта на само 14.000 барели, а рускиот министер за енергетика, Александар Новак, во март оваа година соопшти дека руските компании стапиле во контакт со „сириските партнери“, со цел да ги обноват производствените капацитети за нафта во Сирија.
Извозот на нафта пред почетокот на војната во Сирија го полнеше националниот буџет со 25 отсто, а 95 отсто од нафтата ја купуваше Европската Унија.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.