свет

Терористите на ПКК/ПЈД со поддршка на САД ја окупираа сириска Рака

Терористите на ПКК / ПЈД денеска ги освоија последните два карта во центарот на уништената Рака, каде што отпор даваа борците на терористичката организација ДЕАШ

Ekipa  | 17.10.2017 - Обновена : 17.10.2017
Терористите на ПКК/ПЈД со поддршка на САД ја окупираа сириска Рака

Raqqa

АНКАРА (АА) - Терористичката организација ПКК / ПЈД денеска ги освои последните два карта во центарот на уништената Рака, каде што отпор даваа борците на терористичката организација ДЕАШ, јавува Anadolu Agency (AA).

Групата ПЈД, односно сирискиот огранок на терористичката организација ПКК, во јуни ја започна операцијата за заземање на Рака, која е богата со нафта, а операцијата беше поддржана од САД.

Минатата недела, терористите од ПКК / ПЈД постигнаа договор и им дозволија на локалните припадници на ДЕАШ да го напуштат градот со своите семејства и да се повлечат кон Деир ез-Зор, а во градот останаа странските борци на ДЕАШ.

Терористите на ПКК / ПЈД ги зазедоа последните два кварта во центарот на уништената Рака, каде што се наоѓаат градскиот стадион и болницата.

Заробени се десетици преживеани од странските борци на ДЕАШ.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın