свет

Тилерсон: Подготвени сме за прва средба со Северна Кореја без предуслови

„Ние претходно кажавме од дипломатски аспект; кога Северна Кореја ќе посака да зборува ние сме подготвени. Подготвени сме да го одржиме првиот состанок без предуслови“

Muhammed Bilal Kenasari  | 13.12.2017 - Обновена : 13.12.2017
Тилерсон: Подготвени сме за прва средба со Северна Кореја без предуслови

Washington

ВАШИНГТОН (АА) - Шефот на американската дипломатија, Рекс Тилерсон, истакна дека се подготвени за средба со Северна Кореја без предуслови, јавува Anadolu Agency (AA).

Тилерсон во својот говор околу надворешната политика во 2017 година во „Атлантскиот совет“, аналитички центар со седиште во Вашингтон, се осврна и на прашањето околу Северна Кореја.

„Ние претходно кажавме од дипломатски аспект; кога Северна Кореја ќе посака да зборува ние сме подготвени. Подготвени сме да го одржиме првиот состанок без предуслови“, рече Тилерсон и додаде дека нема да биде корисно ако се чека Северна Кореја да го остави оружјето.

Тилерсон истакна дека во случај да престанат дипломатските напори, тогаш во функција ќе стапи воената улога.

Се забележува разлика во однос на ставот на американскиот претседател Доналд Трамп и Тилерсон, кој укажува на важноста на дипломатијата, додека американскиот претседател користи поостра реторика.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın