свет

Трамп го критикуваше ФБИ поради неспречувањето на нападот во Флорида

Американскиот претседател Трамп порача дека ФБИ пропуштила да ги открие разузнавачките информации за напаѓачот и неговите намери, бидејќи премногу време и енергија троши на истрагата за наводната вмешаност на Русија во претседателските избори во САД

Zehra Ulucak  | 18.02.2018 - Обновена : 18.02.2018
Трамп го критикуваше ФБИ поради неспречувањето на нападот во Флорида

Ankara

ВЕСТ ПАЛМ БИЧ (АА) - Претседателот на Соединетите Американски Држави (САД), Доналд Трамп, го критикуваше американското Федерално биро за истраги (ФБИ) поради неоткривањето на разузнавачките информации за минатонеделниот оружен напад во средното училиште во Флорида, пренесува Anadolu Agency (AA).

Најмалку 17 лица загинаа, а 14 беа повредени во оружениот напад извршен од страна на поранешниот ученик Николас Круз (19), на 14 февруари во средното училиште Брауард.

Американскиот претседател Трамп денес на Твитер (Twitter) порача дека ФБИ пропуштила да ги открие разузнавачките информации за напаѓачот и неговите намери, бидејќи премногу време и енергија троши на истрагата за наводната вмешаност на Русија во претседателските избори во САД одржани во 2016 година.

„Болен е фактот што ФБИ ги пропушти сите информации за напаѓачот на Флорида. Тоа е неприфатливо. Оваа агенција троши многу време да го докаже постоењето на наводниот договор меѓу Русија и Трамповата изборна кампања, но таков договор едноставно не постои. Вратете се на вашата работа и направете нè горди“, рече Трамп.

Претходно, ФБИ призна дека неуспешно ги истражиле предупредувањата оти 19-годишниот Круз купил оружје со намера да изврши оружен напад. Во соопштението се наведува дека такво предупредување стигнало во јануари, но дека агентите не го истражиле.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın