свет

Трамп го продолжи нуклеарниот договор со Иран

Актуелната програма, во која најголем дел од санкциите се укинати под услов Иран да запре со изработка на нуклеарно оружје, продолжен е и покрај претходните предупредувања на Трамп деќа ќе се повлече од договорот со Иран

Michael Hernandez  | 13.01.2018 - Обновена : 13.01.2018
Трамп го продолжи нуклеарниот договор со Иран

Washington DC

ВАШИНГТОН (AA) - Американскиот претседател Доналд Трамп донесе одлука за продолжување на Нуклеарниот договор со Иран, јавува Anadolu Agency (AA).

Трамп изјави дека последен пат продолжил укинување санкции на Иран.

Актуелната програма, во која најголем дел од санкциите се укинати под услов Иран да запре со изработка на нуклеарно оружје, продолжен е и покрај претходните предупредувања на Трамп деќа ќе се повлече од договорот со Иран.

Сепак, САД санкционираше 14 ирански државјани и компании поради „сериозно кршење на човековите права и цензура во Иран, како и поддршка на одредени ирански пролифератори на оружје."

Меѓу имињата на црната листа се наоѓаат и Садег Амоли Ларјани, претседателот на иранското правосудство.

Американските медиуми претходно наведуваа дека американскиот претседател нема повторно да воведе санкции на Иран, со што би ја загрозил Нуклеарната програма со таа држава.

Сите надлежни американски институции му предложија на Трамп сеуште да не се повлекува од Договорот со Иран.

Европската унија (ЕУ) и нејзините земји членки во четврток исто така објавија дека остануваат при постигнатиот договор за нуклеарна програма и дека Иран го почитува.

Под постигнатиот Нуклеарен договор Иран го успорил развојот на својата нуклеарна програма во замена за заблажување на економските санкции.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.