Трамп го смени својот главен советник Стивен Бенон
Бенон на американската јавност и е познат по екстремните и десничарски ставови
Washington DC
ВАШИНГОН (АА) - Американскиот претседател Доналд Трамп го смени својот главен советник Стивен Бенон, јавува Anadolu Agency (AA).
Бенон на американската јавност и е познат по екстремните и десничарски ставови.
Весникот „Њујорк тајмс" наведе дека Трамп донел одлука да го отпушти својот главен советник.
Одредени американски медиуми пишуваат дека Бенон заминува од Белата куќа во петок, а Белата куќа сеуште не издаде официјално соопштение во врска со можното заминување на Бенон.
Бенон играше значајна улога во победата на Трамп на претседателските избори.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.