свет

Трамп: Не е исклучена воената опција како алтернатива во Венецуела

Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа изјави дека има многу алтернативи во врска со Венецуела и дека нема да ја отфрли ниту воената опција како алтернатива

Safvan Allahverdi  | 12.08.2017 - Обновена : 13.08.2017
Трамп: Не е исклучена воената опција како алтернатива во Венецуела

Washington

ВАШИНГТОН (АА) - Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа изјави дека има многу алтернативи во врска со Венецуела и дека нема да ја отфрли ниту воената опција како алтернатива, јавува Anadolu Agency (AA).

Трамп даде изјава на својот терен за голф во Њу Џерси, по средбата со американската амбасадорка во ОН, Ники Хејли и државниот секретар, Рекс Тилерсон.

„Таа е наш сосед, знаете, ние сме присутни низ целиот свет, имаме трупи низ целиот свет, на места коишто се многу, многу далеку. Венецуела не е многу далеку, таму луѓето страдаат и умираат“, рече Трамп.

Трамп не објасни дали воената опција би била коалиција предводена од САД, ниту пак одговори на прашањето дали сака да има промена на режимот таму или во Северна Кореја.

По неофицијалниот референдум во Венецуела минатиот месец, во кој гласачите гласаа за уставотворно Собрание кое има овластување да го преработи уставот и да распушта институции, Трамп, еден ден подоцна го нарече претседателот Николас Мадуро „лош лидер кој сонува да стане диктатор“, и се закани со економски санкции кои беа имплементирани кратко време потоа.

Венецуела се соочи со тековна политичка и економска криза, бидејќи ниските цени на суровата нафта ја принудија владата да ги намали или да ги тргне своите социјалистички програми.

Ситуацијата поттикна јавен гнев и масовни протести од месец април, при што загинаа најмалку 120 лица.

Опозицијата водеше жестока кампања со цел да го тргне Мадуро од функцијата, на предвремените избори.

Од друга страна, Мадуро ги обвини десничарската опозиција, САД и нивните сојузници од регионот за состојбата во земјата.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın