свет

Трамп сè уште нема именувано амбасадори во 57 земји

Амбасадори на САД сè уште не се именувани во 57 земји, меѓу кои и главните сојузници на САД како Велика Британија, Канада, Јапонија, Индија и Саудиска Арабија

Hakan Çopur  | 30.03.2017 - Обновена : 30.03.2017
Трамп сè уште нема именувано амбасадори во 57 земји

Washington

ВАШИНГТОН (АА) - Претседателот на Соединетите Американски Држави (САД), Доналд Трамп, кој по стапувањето на должност на 20 јануари ги повлече сите политички именувани амбасадори на оваа земја, сè уште нема назначено дипломати во 57 земји во светот, пренесува Anadolu Agency (AA).

Како што објави американскиот информативен портал „Кварц“, повикувајќи се на извори во американското Министерство за надворешни работи, амбасадори на САД сè уште не се именувани во 57 земји, меѓу кои и главните сојузници на САД како Велика Британија, Канада, Јапонија, Индија и Саудиска Арабија.

Порталот понатаму пишува дека наведените 57 земји имаат околу 3,9 милијарди жители, додавајќи дека новата американска администрација досега именуваше постојан претставник во Обединетите нации (ОН) (Ники Хејли) и амбасадор во Израел (Давид Фридман).

Се наведува дека се познати имињата на новите амбасадори во Јапонија, Кина и Велика Британија, но дека сè уште не е завршена процедурата околу нивното именување.

Претставници на Комитетот за надворешни работи во американскиот Сенат наведоа дека постојат проблеми кога станува збор за документација на кандидати за нови амбасадори. Инаку, откако Комитетот ќе ги одобри имињата на амбасадорите, треба да се добие доволен број на гласови и на Генералното собрание на Сенатот.

Американскиот претседател има овластување да именува и разрешува официјални лица во дипломатските претставништва на земјата, а таа функција ја извршуваат политички именувани амбасадори, односно дипломати при Министерството за надворешни работи.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın