свет

Третиот човек на Ватикан, кардиналот Пел ги негираше обвинувањата за злоупотреба на деца

Кардиналот Пел се појави на рочиштето што се одржа во Кривичниот суд во Мелбурн, но не зборуваше лично, туку адвокатот Роберт Ричер во негово име рече дека Пел е невин и оти не го прифаќа обвинението за коешто се товари

Recep Şakar  | 26.07.2017 - Обновена : 27.07.2017
Третиот човек на Ватикан, кардиналот Пел ги негираше обвинувањата за злоупотреба на деца

Queensland

МЕЛБУРН (АА) - Џорџ Пел, ватикански кардинал од Австралија и министер за финансии на Ватикан, на почетокот од судскиот процес што започна во Мелбурн, ги негираше обвинувањата дека во 70-тите години на минатиот век, за време на неговата служба во австралискиот град Баларат сексуално злоставувал малолетници, јавува Anadolu Agency (AA).

Кардиналот Пел се појави на рочиштето што се одржа во Кривичниот суд во Мелбурн, но не зборуваше лично, туку адвокатот Роберт Ричер во негово име рече дека Пел е невин и оти не го прифаќа обвинението за коешто се товари.

Рочиштето траеше само 6 минути, но привлече големо внимание кај медиумите од целиот свет.

Во продолжение на судењето, одбраната до 8. септември ќе ги изложува своите аргументи.

Паралелно со тоа, граѓаните, меѓу кои и некои од жртвите и нивните семејства, се собраа пред судот во Мелбурн и протестираа со барање кардиналот Пел да добие соодветна казна.

Мери, една од учесниците на протестот, за АА рече дека и самата била жртва на сексуална злоупотреба во црквата што ја водел кардиналот Пел.

„Почетокот на судењето на кардиналот Пел е историски настан, каде што ќе се чуе гласот на злоставуваните и кога раката на правдата ќе ги стигне злоставувачите. Многу жртви долго го чекаа овој ден“, порача Мери.

Брајан Чери е човекот што отвори профил на социјалните мрежи, каде што се собраа жртвите на злоставувањето во австралиските цркви и ја започнаа борбата за покренување обвинение против кардиналот Пел. Денес Чери изјави дека злоупотребата на децата е едно од најтешките злосторства и порача оти ќе ја продолжи борбата сѐ додека одговорните не бидат казнети.

„Злоупотребата на деца се случува насекаде во светот. Нашата цел е преку медиумите да укажеме на тоа. Ќе се бориме сѐ додека не ги исчистиме нашите цркви. Се гордеам што сум тука”“, изјави Елида Радиг.

Обвинителството на Австралија го започна судскиот процес во врска со тврдењата за сексуална злоупотреба што се случувала за време на службата на кардиналот Пел во градот Баларат. Кривична пријава против кардиналот поднесоа две машки лица.

Кардиналот Пел, кој според хиерархијата е трет човек на Ватикан, откако се појавија обвинувањата за сексуално злоставување, преку католичката црква во Сиднеј ги негираше сите обвинувања против него и порача дека ќе дојде во Австралија за да го исчисти своето име.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın