свет

Турската војска гранатираше позиции на терористите во Африн

ПЈД е сириски огранок на ПКК која е на листа на терористички организации во Турција, САД и ЕУ

Burak Milli, Hüseyin Yıldız  | 19.01.2018 - Обновена : 20.01.2018
Турската војска гранатираше позиции на терористите во Африн

Hatay

ХАТАЈ (АА) - Турските вооружени сили (ТСК) гранатираа денес позиции на терористичката организација ПЈД/ПКК на северозападниот дел на Сирија, јавува Anadolu Agency (AA).

Турската артирелија одговори на огнот од подрачјето на Сирија и најмалку во десет наврати изврши артирелиски напади со хаубици сместени во периферните делови на Хатај.

ПЈД е сириски огранок на ПКК која е на листа на терористички организации во Турција, САД и ЕУ.

Во вооружената терористичка кампања која ПКК ја води против турската држава од осумдесетитте години се убиени околу 40 000 лица.

Турција неодамна најави воена акција на Африн, северозападниот дел на Сирија, во регионот кој граничи со турските области Хатај и Килис. Се работи за регион кој силите на сирискиот режим на Башар ал Асад без борба го предадоа под контрола на терористичката организација ПЈД/ПКК, а во регионот моментално се наоѓаат меѓу осум и десет илјади терористи.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın