свет

Турската хуманитарна организација ИХХ достави помош за 110.000 Рохинџа муслимани

Во соопштението се вели дека хуманитарната организација доставила шатори, храна, прибор за кујна и облека за повеќе од 22.000 семејства. Исто така, доставени се и материјали за изградба на засолништа за 250 семејства

Sena Güler  | 19.09.2017 - Обновена : 20.09.2017
Турската хуманитарна организација ИХХ достави помош за 110.000 Рохинџа муслимани Etem Geylan/АА

Istanbul

ИСТАНБУЛ (АА) - Турската фондација за хуманитарна помош (ИХХ) денес соопшти дека доставила итна помош за 110.000 Рохинџа муслимани кои откако се соочија со прогон од вооружените сили на Мјанмар, избегаа од земјата во Бангладеш, јавува Anadolu Agency (AA).

Во соопштението се вели дека хуманитарната организација доставила шатори, храна, прибор за кујна и облека за повеќе од 22.000 семејства. Исто така, доставени се и материјали за изградба на засолништа за 250 семејства.

„Исто така, ископани се седум бунари во бегалските кампови, а хуманитарната организација обезбеди и транспорт за околу 30 повредени бегалци“, се додава во соопштението.

Заменик-претседателот на организацијата, Вахдетин Кајган, во соопштението вели дека околу 10.000 деца останале сираци при тековните насилства во конфликтот во Аракан.

„Многу деца кои мигрираа во Бангладеш со свои очи видоа како ги убиваат нивните родители“, додаде Кајган.

Тој, исто така, вели дека 85 отсто од бегалците во кампот Путибуниjа во Текнаф (област во близина на мјанмарската граница) се деца.

„Меѓу бегалците се пријавени и грип, пневмонија, дијареја и болести предизвикани од вода“, се додава во соопштението.

Минатиот октомври, по нападите врз пограничните позиции во подрачјето на Мунгдау, Аракан, безбедносните сили на Мјанмар започнаа петмесечна операција во којашто беа убиени околу 400 лица.

ОН ги документираа масовните силувања од страна на бандите, убиствата, вклучувајќи бебиња и мали деца, брутални претепувања и исчезнати лица, злосторства извршени од страна на безбедносните сили.

Во извештајот, истражувачите на ОН истакнаа дека прекршувањето на човековите права е злосторство против човештвото.

Новиот бран насилства избувна во Аракан пред околу две недели, кога безбедносните сили започнаа операција против Рохинџа муслиманите.

Бангладеш, кој веќе вдоми 400.000 Рохинџа бегалци, се соочи со нов прилив на бегалци по започнувањето на операцијата на безбедносните сили на Мјанмар.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.