свет

Турскиот претседател Ердоган ја започна официјалната посета на Полска

Турскиот претседател Ердоган ја предводи големата делегација на турски министри и бизнисмени во Варшава, а целта на посетата е да се зајакне економската соработка меѓу двете земји

Enes Kaplan  | 17.10.2017 - Обновена : 17.10.2017
Турскиот претседател Ердоган ја започна официјалната посета на Полска

Varsava

ВАРШАВА (АА) - Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска пристигна во официјална посета во Полска, а пред претседателската палата во Варшава беше пречекан од страна на претседателот на Полска, Анджеј Дуда, јавува Anadolu Agency (AA).

По официјалниот прием, претседателите на двете земји, Дуда и Ердоган, одржаа билатерален состанок, а подоцна им се приклучија и проширените делегации од претставници.

По состанокот, Ердоган и Дуда ќе потпишат серија билатерални договори, а потоа треба да се обратат и пред новинарите

Заедно со Ердоган, во Варшава пристигна голема делегација турски министри и бизнисмени, а целта на посетата е да се зајакне економската соработка меѓу двете земји.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın