Турција, свет

Турското членство во НАТО не претставува пречка за договорот за S-400

Турското членство во НАТО нема да го попречи купувањето на руските ракетни системи, изјави денес турскиот амбасадор во Москва, Хусеин Дириоз

Fatma Bülbül  | 14.07.2017 - Обновена : 14.07.2017
Турското членство во НАТО не претставува пречка за договорот за S-400

Moskva

МОСКВА (АА) - Турското членство во НАТО нема да го попречи купувањето на руските ракетни системи, изјави денес турскиот амбасадор во Москва, Хусеин Дириоз, јавува Anadolu Agency (AA).

Зборувајќи за руските медиуми во Москва, Дириоз одговараше на прашањата во врска со системот S-400 и изјави дека членството на Турција во НАТО не претставува пречка за добивање на системот.

„Оваа ситуација (членството на Турција во НАТО) не е во спротивност со блиските односи и интересите на Турција во другите региони“, рече тој.

Турскиот министер за одбрана, Фикри Ишик, на 4. јули, зборувајќи во врска со истото прашање изјави: „Сите технички прашања, како од руската така и од турска страна, се завршени“.

Помошникот на рускиот прeтседател, Владимир Кожин, на 29. јуни исто така изјави дека Москва и Анкара се согласиле за испорачување на воздушниот одбранбен систем S-400 во Турција и додаде дека Русија не видела пречки во испораката, и покрај членството на Турција во НАТО.

Системот S-400 беше претставен во 2007 година и може да носи три видови ракети способни за уништување на копнени и воздушни цели, вклучувајќи и балистички ракети.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın