свет

Турција со најголема поддршка за обнова на Ирак

Во Кувајт вчера беше одржана меѓународна конференција за обнова на Ирак, на која учествуваа делегации од најмалку 70 земји и меѓународни организации

Meltem Bulur  | 15.02.2018 - Обновена : 16.02.2018
Турција со најголема поддршка за обнова на Ирак

Kuvajt

КУВАЈТ (АА) - Во Кувајт беше одржана Меѓународна конференција за поддршка на обновата на Ирак, на која Турција најави дека за таа цел ќе обезбеди пет милијарди долари кредитни средства, што е најголема сума која некој од учесниците ја ветил, јавува Anadolu Agency (AA).

Владата на Ирак претходно изјави дека ѝ се потребни 88,2 милијарди долари за реконструкција на западните и северните регии на земјата, кои беа уништени во текот на борбата против терористичката организација ДЕАШ, а во Кувајт вчера се одржа меѓународна донаторска конференција на која учествуваа делегации од најмалку 70 земји и меѓународни организации.

Претставниците на ирачката влада на дневен ред на конференцијата ставија вкупно 157 проекти, вклучувајќи ги и проектите за реконструкција во секторите на инфраструктурата, водоводот, енергетиката, градежништвото и технологијата.

Турција на конференцијата беше претставена од страна на министерот за надворешни работи, Мевлут Чавушоглу, од претставници на Турската агенција за меѓународна соработка и координација (ТИКА) и претставници на турското Министерство за економија, како и претставници на приватниот сектор.

Чавушоглу соопшти дека Турција ќе обезбеди пет милијарди долари кредитни средства за обнова на Ирак. Тој додаде дека Турција, како сосед, пријател и доверлив партнер, ќе продолжи да биде со своите ирачки браќа.

„Од 2004 година, Турција одвои околу 500 милиони долари за хуманитарна помош и развој на Ирак. Во истовреме, нашата TIKA има имплементирано голем број на проекти. Нашите компании реализираа проекти во вредност од вкупно 25 милијарди долари. За претстојната фаза ќе обезбедиме пет милијарди долари за инвестиции преку нашите компании. На ист начин ќе обезбедиме и 50 милиони долари за проекти за хуманитарна помош и развој“, рече Чавушоглу.

Паралелно со ова, домаќинот на конференцијата, Кувајт, вети дека ќе обезбеди две милијарди долари кредитни и инвестициски средства за обнова на Ирак.

„Една милијарда долари кредитни и една милијарда долари инвестициски средства издвојуваме од Фондот за економски развој на Кувајт“, рече кувајтскиот емир Шеик Сабах ал-Ахмед ел-Џабир ес-Сабах.

За обнова на Ирак, Владата на Катар најави издвојување на една милијарда долари кредит и инвестициски фондови, а најголемиот дел од овие средства ќе бидат потрошени за реконструкција на инфраструктурата во Ирак.

Делегацијата на Саудиска Арабија вети дека за реконструкцијата на Ирак ќе обезбеди 1,5 милијарди долари, а Обединетите Арапски Емирати најавија дека процесот на реконструкција во Ирак ќе го поддржат со 500 милиони долари.

Високиот комесар за надворешна и безбедносна политика на Европската Унија, Федерика Могерини, изјави дека Европската Унија ќе инвестира 400 милиони евра за хуманитарна помош и стабилност во Ирак.

„Оваа сума ќе биде обезбедена од буџетот на ЕУ и таа не е поврзана за помошта која членките на Унијата посебно ќе ја обезбедат“, рече Могерини.

На конференцијата во Кувајт присуствуваше и делегација на Германија, која вети дека официјален Берлин ќе обезбеди половина милијарда евра за реконструкција на Ирак.

Паралелно со ова, челниците на Фондот за арапски развој потпишаа договор со делегацијата од Ирак и се обврзаа за реконструкција на земјата да обезбедат 1,5 милијарди долари.

Половина милијарда долари ќе бидат обезбедени и од страна на Исламската банка за развој.

Шефот на кувајтската дипломатија и домаќин на вчерашниот собир, Шеик Халид ал-Хамад ал-Сабах, во своето завршно обраќање истакна дека на конференцијата се собрани 30 милијарди долари за проектите за реконструкција во Ирак.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın