свет

Уапсениот за напад на автобусот на Борусија, осомничен за членство во ДЕАШ

Во објавеното соопштение се вели дека осомничениот се приклучил на ДЕАШ во Ирак кон крајот на 2014 и дека водел единица од десетина војници кои биле вклучени во подготовката на киднапирања, грабежи и убиства

Ekipa  | 13.04.2017 - Обновена : 14.04.2017
Уапсениот за напад на автобусот на Борусија, осомничен за членство во ДЕАШ Mesut Zeyrek/AA

Berlin

БЕРЛИН (АА) - Германското обвинителство објави дека 26-годишниот Ирачанец, кој беше уапсен по нападот на автобусот во кој беа фудбалерите на Борусија Дортмунд, е осомничен за членство во ДЕАШ. Се додава дека засега не постојат докази дека Абдул Бесет А. учествувал во нападот на клубскиот автобус, во вторникот навечер, јавува Anadolu Agency (AA).

Во објавеното соопштение се вели дека осомничениот се приклучил на ДЕАШ во Ирак кон крајот на 2014 година и дека водел единица од десетина војници кои биле вклучени во подготовката на киднапирања, грабежи и убиства. Наводно, тој во март 2015 година патувал во Турција.

Обвинителството тврди дека Абдул Басет А., чие презиме не е објавено поради германскиот закон за приватност, останал во контакт со припадниците на ДЕАШ по пристигнувањето во Германија, во почетокот на 2016 година.

Во текот на денот, судијата ќе одлучи дали тој ќе биде задржан во притвор.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.