свет

Унгарија го отповика својот амбасадор од Холандија

Министерот Петер Сијарто, соопшти дека Унгарија ги деградира односите со Холандија на ниво на заменик-амбасадор поради тоа што холандскиот амбасадор во Будимпешта, Гајус Шелтема, направил аналогија меѓу унгарската Влада и терористики групи

Mehmet Yılmaz  | 25.08.2017 - Обновена : 26.08.2017
Унгарија го отповика својот амбасадор од Холандија

Budapest

БУДИМПЕШТА (АА) - Унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто, соопшти дека Унгарија ги деградира односите со Холандија на ниво на заменик-амбасадор поради тоа што холандскиот амбасадор во Будимпешта, Гајус Шелтема, направил аналогија меѓу унгарската Влада и терористики групи, јавува Anadolu Agency (AA)

Сијарто на вонредна прес-конференција во Будимпешта истакна дека Унгарија ги деградира дипломатските односи со Холандија поради изјавата на амбасадорот на Холандија во Будимпешта, Шелтема, за списанието „168 ора“, во кое тој изјавува: „Секаде може да се случи напад со автомобил, но тие најмногу се случуваат на Блискиот Исток. Дали поради тоа треба да го бомбардираме Блискиот Исток? Тука една група составена од губитници на глобализацијата се пренасочија кон екстремизам и верски фанатизам, бидејќи тоа им дава чувство на безбедност. Создаваат непријатели преку истите принципи како унгарската Влада“.

Сијарто информираше дека унгарскиот амбасадор во Хаг е повикан на консултации. Тој вели дека нивните односи ќе продолжат на ниво на заменик-амбасадор.

Исто така, Сијарто вчера истакна дека изјавите на Шелтема се неприфатливи, и додаде: „Особено го отфрламе, со најстрог израз, фактот што амбасадорот направи паралела меѓу терористите и унгарската Влада во однос на мотивацијата и методите. Ова е обвинување што практично никој не си дозволи да биде кажано дури и за време на најжестоките дебати во 2015 година“.

Сијарто претходно соопшти дека холандскиот амбасадор во Будимпешта во ниту еден случај нема да биде прифатен во Министерството за надворешни работи сѐ додека не се врати во сопствената земја.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın