свет

Унгарија подига нова ограда долж границата со Србија

Лазар Јанош, министер во унгарската Влада, истакна дека за барателите на азил ќе бидат подготвени пунктови на границата, каде што тие ќе чекаат одговор за време на процедурата за добивање азил

Mehmet Yılmaz  | 24.02.2017 - Обновена : 24.02.2017
Унгарија подига нова ограда долж границата со Србија

Budapest

БУДИМПЕШТА (АА) - Лазар Јанош, министер во унгарската Влада, на прес-конференција во Будимпешта истакна дека Владата на Унгарија донела одлука за подигање нова ограда долж границата со Србија, јавува Anadolu Agency (AA).

„Унгарската Влада одлучи зад постоечката да подигне уште една ограда од жица на границата со Србија“, изјави Јанош, додавајќи дека на тој начин ќе се зајакне заштитата на границите, но и безбедноста на граѓаните на Унгарија.

Тој истакна дека за барателите на азил ќе бидат подготвени пунктови на границата, каде ќе чекаат одговор за време на процедурата за добивање азил.

„Бегалците не ќе можат слободно да се движат во земјата“, изјави Јанош.

За новата заштитна ограда, која ќе биде подигната во должина од 175 километри на унгарско-српската граница, унгарските власти издвоија 38 милијарди форинти, односно околу 123,5 милиони евра.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın