свет

Филипини: Во земјотрес настрадаа две жени

Американскиот геолошки завод (USGS) соопшти дека епицентарот на земјотресот е на осум километри од Талисајан, на островот Лејте, и тоа на длабочина од десет километри

Dildar Baykan  | 23.08.2017 - Обновена : 24.08.2017
Филипини: Во земјотрес настрадаа две жени

Zamboanga

ЗАМБОАНГА (АА) - Најмалку две лица загинаа во земјотресот со јачина од пет степени според Рихтер што го погоди филипинскиот остров Лејте, јавува Anadolu Agency (AA).

Американскиот геолошки завод (USGS) соопшти дека епицентарот на земјотресот е на осум километри од Талисајан, на островот Лејте, и тоа на длабочина од десет километри.

Локалните медиуми јавуваат дека според информациите од официјалните безбедносни лица, во Сан Хозе настрадале две жени од 51 и 70 години.

Земјотресот предизвика материјална штета на 56 објекти.

Националниот институт за вулканологија соопшти дека земјотресот е регистриран на длабочина од пет километри.

На 15 октомври 2013 година земјотрес со јачина од 7,2 степени ги погоди Филипините, при што загинаа 144 лица.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın