свет

Финска: Откриен идентитетот на напаѓачот во Tурку

Финските медиуми објавија дека на осомничениот напаѓач, Мароканецот Абдерахман Мечках, кој дошол во земјата во 2016 година, му било одбиено барањето за азил

Şerife Çetin  | 21.08.2017 - Обновена : 22.08.2017
Финска: Откриен идентитетот на напаѓачот во Tурку

Brisel

БРИСЕЛ (АА) - Финските полициски официјални лица соопштија дека 18-годишното момче за кое постои сомневање дека во петокот, во градот Турку со нож уби двајца, а повредени осум лица, е Абдерахман Мечках, со потекло од Мароко, јавува Anadolu Agency (AA).

Официјалните лица истакнаа дека ова е прв терористички напад во земјата извршен со нож.

Според нивните зборови, цел на напаѓачите биле жените, а меѓу жртвите и повредените има шест жени. Двајца мажи беа повредени при обидот да им помогнат на нападнатите жени.

Одговорност за нападот не презеде ниту една терористичка организација, а уапсени се четири лица, меѓу кои и еден од потерница на Интерпол.

Финските медиуми објавија дека на напаѓачот, кој дошол во земјата во 2016 година, му било одбиено барањето за азил.

Во тек е лекување на напаѓачот кој беше застрелан во ногата, а во согласност со ситуацијата, тој преку видеоконференциска врска од болницата ќе присуствува на судењето.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın