свет

Франција бара помош поради шумските пожари, евакуирани 10.000 луѓе

Во пожарите изгореа околу 4.000 хектари по должината на медитеранскиот брег, во планинската област и на островот Корзика

Alma Çekovic  | 26.07.2017 - Обновена : 27.07.2017
Франција бара помош поради шумските пожари, евакуирани 10.000 луѓе

Paris

ПАРИЗ (АА) - Франција побара помош од Европската Унија во борбата против шумските пожари во јужниот дел на земјата, поради коишто во текот на ноќта беа евакуирани 10.000 лица, соопштија официјални лица, јавува Anadolu Agency (AA).

„Најмалку 10.000 луѓе се евакуирани по избувнувањето на пожарот. Ова е област каде што населението е двапати или трипати побројно во текот на летото“, изјави еден од службениците на француските медиуми.

Илјадници пожарникари се борат со пожарот со регионот Прованса – Алпи – Азурен Брег, каде што избувна пожарот. Во пожарите изгореа околу 4.000 хектари по должината на медитеранскиот брег, во планинска област и на островот Корзика.

Најмалку седум пожарникари се повредени, а на 15 полицајци им е укажана помош поради вдишување чад.




На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın