свет

Франција: Евакуирана џамија во Париз

Полицијата утринава извршила евакуација на околу 50 лица кои се наоѓале во овој верски објект. Меѓутоа, верниците по евакуацијата се вратиле во џамијата, каде што седеле и одбивале да излезат

Rahmi Gündüz  | 23.03.2017 - Обновена : 23.03.2017
Франција: Евакуирана џамија во Париз

Paris

ПАРИЗ (АА) - Евакуирана е џамија во околината на квартот Клиши ла Гарен во Париз, јавува Anadolu Agency (AA).

Според информациите на телевизијата „БФМ“, полицијата утринава извршила евакуација на околу 50 лица кои се наоѓале во овој верски објект. Меѓутоа, верниците по евакуацијата се вратиле во џамијата, каде што седеле и одбивале да излезат.

Потоа полицијата насила изнесе две лица од џамијата. За време на отпорот при евакуацијата, полесно се повредени тројца полицајци. Објектот на џамијата властите претходно го изнајмиле социјалистите.

Здружението сакаше да ја купи зградата, но моменталната десничарска власт не се согласи со тоа. Француското Здружение за борба против исламофобијата ја осуди присилната евакуација и предупреди дека се работи за нешто што е во спротивност со принципите на Република Франција.

Остро го критикуваа и тоа што полицијата не внимавала, и покрај тоа што се работело за евакуација во џамија.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın