свет

Франција ја осуди изградбата на 1.100 станови од страна на Израел на Западниот Брег

Франција го осуди планот на Израел да изгради 1.100 нови станови во еврејските населби на западниот Брег, кој е под израелска окупација.

Ömer Aydın  | 12.01.2018 - Обновена : 12.01.2018
Франција ја осуди изградбата на 1.100 станови од страна на Израел на Западниот Брег

Ile-de-France

ПАРИЗ (АА) - Франција го осуди планот на Израел да изгради 1.100 нови станови во еврејските населби на окупиранта територија на Западниот Брег, јавува Anadolu Agency (AA).

Министерството за надворешни работи на Франција објави писмено соопштение во кое ја осудува одлуката на Израел за изградба на нови еврејски населби.

Во соопштението се наведува: „Ја осудуваме одлуката на израелското раководство во одделни населби на Западниот Брег да изгради 1.100 станови”, истакнувајќи дека израелскиот суд одредил до март оваа година да се испразнат локациите на кои ќе се гради, во чии рамки спаѓаат и приватни имоти на Палестинци.

Во соопштението се потсетува дека активностите што Израел ги презема за изградба на еврејски населби ја прекршуваат резолуцијата 2334 усвоена од Советот за безбедност на Обединетите нации (СБОН), додавајќи дека тие активности ќе ги зголемат тензиите во подрачјето, ги поткопуваат надежите за изнаоѓање решение меѓу двете земји и ќе ги запрат обидите за изнаоѓање на праведен и траен мир.

Во продолжение на соопштението се наведува дека Франција сака да го даде свој придонес во изнаоѓање решение за двете земји и сака под нејзино водство повторно започнување на мировните преговори. „Како што на 22 декември минатата година претседателот Макрон посочи, Франција посакува запирање на сите активности околу изградбата на населби, со цел зачувување на постоечките политички гледишта”, се вели во соопштението.

Израел од 1967 година досега, на подрачјата што ги држи под окупација изгради 131 населба на Западниот Брег, 10 во Истоен Кудс (Ерусалим), додека 116 населби се изградени на ридовите во подрачјето на Западниот Брег.

Во населбите изградени на Западниот Брег живеат околу 500.000 еврејски доселеници, во Источен Кудс 220.000. Израел планира за кусо време во подрачјето на Западниот Брег бројот на еврејски доселеници да изнесува 1 милион.

Според меѓународното право, сите еврејски населби изградени на окупираната теротиријата на Палестина се нелегални.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın