свет

Хамас го распушти Управниот совет во Газа и повика на дијалог за помирување на Палестинците

Хамас порача дека владата на Палестина може веднаш да ја преземе власта во Газа, дека можат да се организираат избори во тој појас и дека се подготвени на дијалог со ривалското движење Фатах

Eshat Fırat  | 17.09.2017 - Обновена : 18.09.2017
Хамас го распушти Управниот совет во Газа и повика на дијалог за помирување на Палестинците

Gaza

ГАЗА (АА) - Палестинското движење на отпорот Хамас утринава соопшти дека го распуштил Управниот совет во Газа и дека е подготвен на преговори за помирување на палестинските движења, јавува Anadolu Agency (AA).

Во пишано соопштение на Хамас се наведува дека Управниот совет во Газа бил распуштен во согласност со иницијативата на Египет за надминување на проблематичните поделби во Палестина.

Хамас порача дека владата на Палестина може веднаш да ја преземе власта во Газа, дека можат да се организираат избори во тој појас и дека се подготвени на дијалог со ривалското движење Фатах.

Од Хамас исто така повикуват сите палестински групи да се вклучат во процесот на внатрепалестинскиот дијалог и да формираат влада на национално единство.

Управниот совет на Хамас во Газа е формиран во март оваа година и не беше признат од Владата на Палестина.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın