свет

Цените на билетите за Ајфеловата кула речиси двојно зголемени

Значителното зголемување на цените на билетите е со цел да се соберат средства за финансирање на реконструкцијата на споменикот

Alma Çekovic  | 05.11.2017 - Обновена : 06.11.2017
Цените на билетите за Ајфеловата кула речиси двојно зголемени

Paris

ПАРИЗ (АА) - Туристите кои сакаат да ја посетат Ајфеловата кула во Париз од почетокот на ноември ќе мора да плаќаат речиси двојно повеќе за да се качат на врвот на една од најпознатите градби во светот, јавува Anadolu Agency (AA).

Качувањето до врвот на Ајфеловата кула наместо 17 чини 25 евра.

Оние кои сакаат да стигнат до вториот кат од кулата плаќаат 16 евра, пет евра повеќе од претходната цена.

Значителното зголемување на цените на билетите е со цел да се соберат средства за финансирање на реконструкцијата на споменикот.

Одржувањето на еден од најпосетуваните објекти во светот веќе почнаа, а во следните 15 години за реконструкција ќе бидат распределени 300 милиони евра.

Како што е најавено, најмногу ќе бидат одвоени за стаклениот ѕид кој е отпорен на куршуми.

Иако цените на билетите се значително поскапени, Ајфеловата кула сѐ уште е една од најевтините кули за посета.

Влезот на „Емпајер Стејт Билдинг“ во Њујорк чини 30 евра, додека за оние кои сакаат да се искачат на врвот на „Бурџ Калифа“ во Дубаи, највисоката кула во светот, мора да одвојат дури 87 милиони евра.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın