свет

Цивилите се враќаат во своите домови по акцијата за преземање на Киркук

Откако ирачките безбедносни сили синоќа ја презедоа контролата над Киркук, цивилите почнаа да се враќаат во своите огништа

Ali Mukarrem Garip  | 17.10.2017 - Обновена : 17.10.2017
Цивилите се враќаат во своите домови по акцијата за преземање на Киркук Ali Mukarrem Garip/AA

Kirkuk

КИРКУК (АА) - Откако ирачките безбедносни сили синоќа ја презедоа контролата над Киркук, цивилите почнаа да се враќаат во своите огништа, кои ги напуштија за време на воената акција, јавува Anadolu Agency (AA).

Куќите ги напуштија поради судирите на ирачките сили и пешмергите, а денес се враќаат од Ербил и од Сулејманија. Во градот тие влегуваат преку воените и полициските контролни точки.

Забележан е голем број цивили кои ги преминале или чекаат да ги преминат тие контролни точки и да се вратат во своите домови. Меѓу нив е и Ако Решит, кој раскажа дека не го напуштиле градот своеволно.

Според неговите зборови, тогаш им било кажано дека војската што ќе влезе во градот ќе им наштети на сите.

Есат Мухсин само сака да живее мирен и нормален живот. Тој додаде дека кај нив секогаш има место за оние што служат на нивниот град и на сите граѓани.

Али Исмаил смета дека не заслужиле да бидат во оваа ситуација и положба. Тој порача дека, за жал, луѓето кои го напуштиле градот се жртви на политиката и на грешките на лидерите.

Киркук е град со нерешен административен статус уште од американската инвазија на Ирак, а стана средиште на нова безбедносна и политичка криза откако Регионалната курдска управа на северен Ирак на 25 септември одржа нелегитимен референдум.

Ирачките сили, меѓу останатото, воспоставија контрола врз нафтените компании, воената база, рафинеријата и аеродромот во тој ирачки град.

Пешмергите лојални на партијата Унија на курдски патриоти, се повлекоа од јужниот дел на Киркук, а ирачката војска и полицијата презедоа контрола во тој регион и од зградите го отстранија знамето на Регионалната курдска управа.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın