свет

Чавушоглу: „САД да испратат свои специјални сили во северна Сирија“

Чавушоглу истакна дека вистинската група на којашто треба да ѝ се даде поддршка во борбата против ДЕАШ се силите на сириската умерена опозиција, наместо на ПЈД/ЈПГ

Ayhan Şimşek  | 19.02.2017 - Обновена : 20.02.2017
Чавушоглу: „САД да испратат свои специјални сили во северна Сирија“

Minhen

МИНХЕН (АА) - Турскиот министер за надворешни работи, Мевлут Чавушоглу, денес изјави дека САД треба да испратат свои специјални сили во северна Сирија за поддршка на силите на умерената опозиција кои се борат против ДЕАШ, јавува Anadolu Agency (AA).

Во своето обраќање на Конференцијата за безбедност во Минхен, Чавушоглу ги повика САД и другите сојузници да ја прекинат нивната поддршка кон ПЈД, сирискиот огранок на терористичката ПКК, и наместо тоа да ги поддржат силите на умерената опозиција на поизразит начин.

„Пред два дена (претседателот на Здружениот генералштаб на САД) генерал Данфорд, беше во Анкара на разговори околу сите овие технички прашања. Да, ние им предложивме на САД да испратат свои специјални единици на терен за поддршка на локалните умерени сили“, рече тој.

Чавушоглу истакна дека вистинската група на којашто треба да ѝ се даде поддршка во борбата против ДЕАШ се силите на сириската умерена опозиција, наместо на ПЈД/ЈПГ, кои се поврзани со терористичката ПКК и бараат независна држава.

„Соработката со терористичка организација во борбата против друга терористичка организација е многу опасна“, рече тој.

„Тоа е грешка што ја направи претходната администрација на САД. Тие им даваа оружје на ЈПГ, а ПКК доби одредени количини од оружјето. ПКК го користеше тоа оружје во нивните терористички напади во Турција“, рече тој.

Чавушоглу го потенцираше успехот на силите на сириската умерена опозиција во рамките на операцијата „Штитот на Еуфрат“ предводена од Турција, каде што борците на Слободната сириска армија ослободија од ДЕАШ значителна територија долж границата со Турција, вклучувајќи големи делови на Ал Баб во сириската покраина Алепо.

„Ние сме пред преземање на Ал Баб. По Ал Баб, можеме да ја повратиме Рака заедно“, рече тој, мислејќи на упориштето на терористичката група ДЕАШ во северна Сирија.

Операцијата „ Штитот на Еуфрат“ започна кон крајот на август 2016 година, со цел да се подобри безбедноста, да се даде поддршка на коалициските сили, како и за елиминирање на заканата од тероризмот долж сириско-турската граница.

Чавушоглу ги повика партнерите од меѓународната коалиција за борба против ДЕАШ да испратат специјални сили за планираната копнена офанзива за заземање на Рака.

„Зошто е потребно потпирање на терористичка организација во нашата борба?“, праша тој, осврнувајќи се на воената поддршка на САД кон ПКК/ПЈД под администрацијата на поранешниот претседател Барак Обама, која ја сметаше групата како земја-сојузник за копнена борба против ДЕАШ во Сирија.

„Коалицијата против ДЕАШ брои 65 земји, а само Турција има 600.000 војници. Дали другите 65 земји не се е доволно силни, или не се доволно подготвени да поразат една терористичка организација, па потребно е потпирање на друга терористичка организација?“, праша тој.

Чавушоглу истакна дека главниот интерес на ПКК/ПЈД не е да го победи ДЕАШ, туку да зазеде поголема територија и да создаде свои кантони или независна држава.

„Ние нема да дозволиме никаков терористички кантон или држава во северниот дел на Сирија“, рече тој, повторувајќи го ставот на Анкара по тоа прашање.

Тој потсети на извештаите за етничко чистење извршени од страна на силите на ПКК/ ПЈД во областите зазедени од страна на групата, и рече дека групите поврзани со ПКК не се заинтересирани за мирот или за обезбедување единство во Сирија.

Турскиот министер за надворешни работи исто така предупреди од можни секташки и етнички тензии доколку силите на ПКК/ПЈД или пак шиитските милиции се приклучат во операцијата за Рака.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın