свет

Чавушоглу: Се надеваме на конечно решение за кипарското прашање

Министерот за надворешни работи на Турција, Мевлут Чавушоглу, изјави дека Турција вложува напори во решавањето на дипломатската криза меѓу одредени арапски земји и Катар

Tevfik Durul  | 22.06.2017 - Обновена : 23.06.2017
Чавушоглу: Се надеваме на конечно решение за кипарското прашање

Tokyo

ТОКИО (АА) - Министерот за надворешни работи на Турција, Мевлут Чавушоглу, за време на посетата на Токио, главниот град на Јапонија, изрази надеж дека ќе биде постигнато конечно решение на конференцијата за кипарското прашање што ќе биде одржана на 28. јуни, јавува Anadolu Agency (AA).

Чавушоглу во Токио зборуваше за односите на Турција и Јапонија, дипломатската криза меѓу некои арапски земји и Катар и за кипарското прашање.

Шефот на турската дипломатија потсети на поддршката на премиерот на Јапонија, Шинзо Абе, за Турција, по минатогодишниот предавнички обид за државен удар на терористичката организација ФЕТО.

„Активностите на ФЕТО во Јапонија траат. На состаноците нагласивме колкава е заканата на оваа терористичка организација и за Јапонија“, изјави Чавушоглу.

Тој истакна дека сѐ уште траат преговорите за договорот за економската соработка со Јапонија и оти се работи на заемен договор за социјална безбедност за да се зголемат инвестициите на таа земја во Турција.

Тој потсети и на блиското пријателство на народите од двете земји и додаде дека и трговијата треба да се подигне на ниво што му доликува на тоа пријателство.

Чавушоглу укажа и на напорите на Турција со цел да се постигне решение на кризата меѓу одредени арапски земји и Катар.

Зборувајќи за решавањето на кипарското прашање, Чавушоглу рече дека поддржуваат праведно и трајно решение коешто се потпира на политичка еднаквост.

„Се надеваме дека на Конференцијата за Кипар, која ќе се одржи на 28 јуни во Женева, ќе биде постигнато конечно решение“, изјави Чавушоглу.

Тој е првиот турски министер за надворешни работи кој официјално ја посети Јапонија по пауза од 14 години.

Се очекува дека по состанокот со министерот за економија, трговија и индустрија на Јапонија, Хиросиге Секо, Чавушоглу ќе ја напушти земјата.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.