свет

Шведска подготвува нов брод со помош за Газа

Активистите минатата недела во Гетеборг купија брод долг 9 метри, а планираат да отпловат во 2018 година, кога ќе соберат доволно финансиски средства

Atila Altuntaş  | 24.07.2017 - Обновена : 25.07.2017
Шведска подготвува нов брод со помош за Газа

Stockholms Lan

СТОКХОЛМ (АА) – Активисти во Шведска ја започнаа иницијативата „Флота за Газа” (Armada for Gaza), со цел да се пробие израелското ембарго, јавува Anadolu Agency (AA).

Активистите минатата недела во Гетеборг купија брод долг 9 метри, а планираат да отпловат во 2018 година, кога ќе соберат доволно финансиски средства.

Бродот е именуван според Марид Магуаер, добитничка на Нобеловата награда за мир.

Портпаролот на здружението „Брод за Газа“, Жанет Есканила, за АА изјави дека очекува на флотата да ѝ се придружат голем број пловни објекти.

„Започнавме рекламни кампањи во неколку града и во други подрачја на Шведска. Зачнавме со промоции и прибирање финансиски средства. Во Гетеборг го купивме првиот брод со едра, долг 9 метри“, изјави Есканила.

Зборувајќи за нобеловката според која е именуван бродот, Есканила рече дека Магуаер веќе низа години ја критикува политиката што Израел ја спроведува кон Палестина.

Таа потсети дека Магуаер учествуваше во две Флоти за слобода (во 2010 и 2011 година), кои пловеа за Газа.

„Минатата година беше една од 13-те жени на бродот што пловеше за Газа“, додаде Есканила.

Во пораката што Магуаер ја испратила, таа вели дека е почестена што бродот го носи нејзиното име.

„Ја давам сета своја поддршка кон сите активисти кои работат за слободата на Газа“, изјави Магуаер, која додаде дека политиката на Израел предизвика големи страдања за народот на Газа.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın