свет

Шведска: Пожар во дом за бегалци, нема повредени

Сѐ уште не се познати причините поради кои избувнал пожарот во зградата во којашто престојувале 30 возрасни лица и 6 деца.

Atila Altuntaş  | 22.06.2017 - Обновена : 23.06.2017
Шведска: Пожар во дом за бегалци, нема повредени АА/Архива

Stockholm

СТОКХОЛМ (АА) - Предизвикана е материјална штета од пожарот што избувна во еден дом за бегалци во градот Истад, во јужниот дел на Шведска, јавува Anadolu Agency (AA).

Според соопштението на полициската станица во Истад, сѐ уште не се познати причините поради кои избувнал пожарот во зградата во којашто престојувале 30 возрасни лица и 6 деца.

Во соопштението се наведува дека благодарение на брзата евакуација на станарите, во пожарот нема повредени.

Исто така, во соопштението се вели дека пожарот во рок од еден час е ставен под контрола од страна на пожарникарите, но домот за бегалци веќе не може да се употребува.

Се истакнува дека пожарот избувнал во кујната. Истрагата за несреќата продолжува, а постои сомневање дека пожарот бил подметнат.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.