свет

Шеик Салах: Подложен сум на политичко судење

Лидерот на Палестинското исламско движење, шеик Раед Салах, истакна дека не е подложен на правно, туку на политичко судење против него, и оти тој бил приведен во овие рамки

Turgut Alp Boyraz  | 15.08.2017 - Обновена : 16.08.2017
Шеик Салах: Подложен сум на политичко судење

Erusalim

ЕРУСАЛИМ (АА) - Лидерот на Палестинското исламско движење, шеик Раед Салах, истакна дека не е подложен на правно, туку на политичко судење против него, и оти тој бил приведен во овие рамки, јавува Anadolu Agency (AA).

Салах, во чија куќа синоќа беше извршен претрес, изнесен е пред суд.

Тој даде изјава за медиумите во судот, каде што периодот за притвор беше продолжен до четврток. „Подложен сум на политичко судење, како еден дел од политиките на израелската Влада што ги применува кон Арапите. И јас во овие рамки бев притворен“, изјави тој.

Салах беше принуден да ја прекине својата изјава за медиумите, поради тоа што беше спречен од страна на израелските полицајци.

Адвокатот на Салах, Халид Зеберка, во изјава за АА нагласи дека периодот на притвор на неговиот клиент е продолжен до четврток.

Израелската полиција синоќа изврши претрес во куќата на лидерот на Палестинското исламско движење од 1948 година, Салах, во Ум Ал-Фахм, и го уапси.

Во соопштението е наведено дека откако во 2015 година беше забрането дејствувањето на Палестинското исламско движење, „подбуцнувачот“ (Раид Салах) во повеќе наврати им се обратил на масите, а неговите изјави ги пренесоа и израелските медиуми. Наводно е утврдено дека неговите изјави имаат елементи на кривично дело.

Но, израелската полиција не наведе за какви изјави всушност се работи, за кои се тврди дека се кривично дело.

Израел во ноември 2015 година, прогласувајќи го за терористичка организација, донесе забрана за дејствување на Палестинското исламско движење врз основа на тоа дека врши антиокупациски активности во Месџид Ал-Акса и во Источен Ерусалим.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın