свет

Шефовите на турската и египетската дипломатија разговараа за тензиите во Ерусалим

Неименуван турски официјален претставник за АА потврди дека Чавушоглу и Шукру разговарале телефонски и размениле мислења за израелските рестрикции околу комплексот Ал Акса

Fatih Hafız Mehmet  | 23.07.2017 - Обновена : 24.07.2017
Шефовите на турската и египетската дипломатија разговараа за тензиите во Ерусалим

Ankara

АНКАРА (АА) - Министерот за надворешни работи на Република Турција, Мевлут Чавушоглу денеска се сретна со шефот на египетската дипломатија Самех Шукри, со кој разговараше за тензиите во Ерусалим предизвикани од рестрикциите што владата на Израел ги воведе околу комплексот Ал-Акса, јавува Anadolu Agency (AA).

Неименуван турски официјален претставник за АА потврди дека Чавушоглу и Шукру разговарале телефонски и размениле мислења за израелските рестрикции околу комплексот Ал Акса.

Шефот на турската дипломатија Чавушоглу и вчера за тензиите со комплексот Ал Акса телефонски разговораше со министрите за надворешни работи на Пакистан, Узбекистан и Јордан.

Израелските власти неодамна поставија метални детектори на влезот во комплексот на Ал-Акса, што предизвика бес и масовни протести на Палестинците во Ерусалим и на Западниот Брег.

Израел ја оправдува мерката како како безбедносна потреба по неодамнешните немири во кои загинаа тројца Палестинци и двајца израелски полицајци.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın