свет

Шефот на француското МВР: Опасноста од тероризмот во Европа е сеуште на високо ниво

Министерот за внатрешни работи на Франција, Жерард Коломб, рече дека бројот на припадниците на безбедносните сили на граничкиот појас со Шпанија е зголемен од 700 на 2.000 полицајци

Murat Ünlü  | 19.08.2017 - Обновена : 20.08.2017
Шефот на француското МВР: Опасноста од тероризмот во Европа е сеуште на високо ниво

Paris

ПАРИЗ (AA) – Министерот за внатрешни работи на Франција, Жерард Коломб, изјави дека опасноста од тероризмот во неговата земја, како и во целата Европа, сеуште е на високо ниво, пренесува Anadolu Agency (AA).

Коломб во изјава за радио РТЛ рече дека се преземени високи безбедносни мерки на француско-шпанската граница, со оглед дека сеуште се трага за осомничениот за терористичкиот напад во Барселона.

Шефот на француското МВР рече дека бројот на припадниците на безбедносните сили на граничкиот појас со Шпанија е зголемен од 700 на 2.000 полицајци.

„Опасноста од тероризмот во Франција и Европа е сеуште висока", нагласи Коломб.

Министерот за надворешни работи на Франција, Жан Ивес Ле Дриан, изјави дека во терористичкиот напад во Барселона се повредени 28 француски државјани, меѓу кои и четири деца. Меѓу повредените, осум се во критична состојба.

Во терористичките напади во Барселона и Камбрилс во четврток загинаа 14 а повредени се преку 100 луѓе.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın