свет

Шпанија: Спасени над 50 лица во Средоземното Море, меѓу нив две бебиња

Припадниците на шпанската поморска служба, денес спасија 54 лица, меѓу кои и две бебиња, кои во шверцерски брод се обиделе да преминат преку Средоземното Море со цел да стигнат до европското тло

Ekipa  | 11.06.2017 - Обновена : 12.06.2017
Шпанија: Спасени над 50 лица во Средоземното Море, меѓу нив две бебиња АА/Архива

Barcelona

БАРСЕЛОНА (АА) - Припадниците на шпанската поморска служба, денес спасија 54 лица, меѓу кои и две бебиња, кои во шверцерски брод се обиделе да преминат преку Средоземното Море со цел да стигнат до европското тло, пренесува Anadolu Agency (AA).

Портпаролот на службата истакна дека бродот во коишто се наоѓале и 13 жени е забележан во водите источно од Гибралтар.

Црвениот крст соопшти дека седуммина мигранти се хоспитализирани по пристигнувањето во пристаништето во Малага, во саботата пред полноќ.

Стотици илјади мигранти и бегалци во изминатите неколку години прават обиди да стигнат до Европа, користејќи небезбедни бродови и гумени чамци на криумчарите на луѓе, а илјадници од нив ги губат своите животи.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.