свет

Шпанија: Уставниот суд ја поништи декларацијата за каталонската сецесија

Одлуката е донесена денес, додека поддржувачите на независноста ги блокираа патиштата и железничките пруги во североисточниот регион

Ekipa  | 08.11.2017 - Обновена : 08.11.2017
Шпанија: Уставниот суд ја поништи декларацијата за каталонската сецесија

Madrid

МАДРИД (АА) - Уставниот суд на Шпанија донесе пресуда со којашто неодамнешното гласање на распуштениот регионален парламент за прогласување независност на Каталонија беше прогласено за незаконско, јавува Anadolu Agency (AA).

Одлуката е донесена денес, додека поддржувачите на независноста ги блокираа патиштата и железничките пруги во североисточниот регион, како дел од протестите поради затворањето на разрешените официјални лица на Владата на Каталонија поради нивните сецесионистички активности пред и по прогласувањето независност на 27 октомври.

Уставниот суд во октомври првично го суспендираше спроведувањето на декларацијата за сецесија, за да ја проучи нејзината законитост.

Гласањето за сецесија беше одржано, и покрај фактот што поголемиот дел од опозициските пратеници го бојкотираа и покрај дотогашните судски пресуди. Декларацијата за сецесија е усвоена со 70 гласа за и 10 против во Парламентот на Каталонија, кој има 135 пратеници.

Како одговор, централната шпанска власт ја распушти Владата и Парламентот на Каталонија, и распиша вонредни регионални избори за 21 декември.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.