свет

Јункер: Ниту една земја не може да биде членка на ЕУ додека не го реши прашањето со границите

„Со Турција граничиме преку Црното Море, а исто така имаме и граници на копно. Договорот постигнат меѓу ЕУ и Турција (за мигрантите) мора да биде целосно имплементиран. Како што знаете, во моментов има милиони бегалци во Турција“, рече Борисов

Ömer Aydın  | 17.01.2018 - Обновена : 18.01.2018
Јункер: Ниту една земја не може да биде членка на ЕУ додека не го реши прашањето со границите

Strazburg

СТРАЗБУРГ (АА) - Ниту една земја која го нема решено прашањето за границите не може да биде членка на Европската унија (ЕУ), изјави денес претседателот на Европската комисија Жан-Клод Јункер во Стразбур, јавува Anadolu Agency (AA).

Претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер, се обрати во Европскиот парламент каде што меѓу другото го спомена „граничниот спор помеѓу Хрватска и Словенија.

„Ниту една земја што претходно го нема решено прашањето со границите не може да биде членка на ЕУ“, рече Јункер.

Зборувајќи за суспендирањето на правото на глас на Полска во телата на Европската Унија, Јункер рече дека целта на оваа одлука не била казнување, туку предупредување за Полска.

Јункер говореше и за дискусиите за Брегзит. Како што рече, излегувањето на Велика Британија од ЕУ е загуба за двете страни. Јункер потсети дека членот 50 се однесува на излезот од ЕУ, додека членот 49 се однесува на влез во ЕУ.

Бугарскиот премиер Бојко Борисов, чија земја првиот ден од оваа година го презеде шестмесечното претседателствување со Европската Унија, денес говореше пред Европскиот парламент во Стразбур за приоритетите на Бугарија за време на претседателствувањето.

Тој истакна дека Европа нема да може да има независен став кога станува збор за соседните земји и за регионалните прашања.

„Со Турција граничиме преку Црното Море, а исто така имаме и граници на копно. Договорот постигнат меѓу ЕУ и Турција (за мигрантите) мора да биде целосно имплементиран. Како што знаете, во моментов има милиони бегалци во Турција“, рече Борисов, додавајќи:

„Мигрантите на секој начин се обидуваат да стигнат до Европа. Овде зборуваме за луѓе кои избегаа од војната за да ги спасат своите животи. Ние мораме да им помогнеме на овие луѓе и тоа ќе го направиме така што ќе дојдеме до сржта на проблемот“. Треба да вложиме напори да им помогнеме да се вратат во своите земји“.

Осврнувајќи се на проширувањето на ЕУ, Борисов истакна дека за време на бугарското претседателство со Унијата нема да се примат нови членки, но, како што рече, „на земјите кандидати треба да им се презентира перспективата на членството“.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın