свет

Њујорк: Прва средба помеѓу Сиси и Нетанјаху

Ал Сиси, кој престојува во Њујорк по повод 72. сесија на Генералното собрание на Обединетите нации (ОН), се сретна со Нетанјаху, а тема на состанокот беше палестинскиот мировен процес

Said İbicioğlu  | 19.09.2017 - Обновена : 19.09.2017
Њујорк: Прва средба помеѓу Сиси и Нетанјаху

Kairo

КАИРО (АА) - Претседателот на Египет, Абдел Фатах ал-Сиси и израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху се состанаа во Њујорк, што е прва средба на двајцата лидери, пренесува Anadolu Agency (AA).

Во соопштението од кабинетот на претседателот на Египет се наведува дека Сиси, кој престојува во Њујорк по повод 72. сесија на Генералното собрание на Обединетите нации (ОН), се сретна со Нетанјаху, а тема на состанокот беше палестинскиот мировен процес.

Беше наведено и дека на средбата со Нетанјаху присуствуваа и министерот внатрешни работи на Египет, Самих Шукри, шефот за разузнавањето, Халид Февзи, и шефот на кабинетот на претседателот, Абас Камил.

За време на состанокот, Сиси истакна дека го поддржува дводржавното решение, порачувајќи дека е многу важно страните да се сретнат повторно.

За време на состанокот, Нетанјаху изрази задоволство од улогата на Египет на Блискиот Исток, кога станува збор за борбата против тероризмот и стабилноста на овој регион.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın