спорт

Англиската фудбалска асоцијација нема да го казни Жозе Мурињо

Во последната минута од судското продолжение, Мурињо за момент влезе на теренот за игра, поради што главниот судија Крег Паусон го исклучи

Alma Çekovic  | 25.09.2017 - Обновена : 26.09.2017
Англиската фудбалска асоцијација нема да го казни Жозе Мурињо

London

ЛОНДОН (АА) - Англиската фудбалска асоцијација (ФА) одлучи да не го казни менаџерот на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо, откако во саботата, на гостување кај Саутемптон беше исклучен, пренесува Anadolu Agency (AA).

Во последната минута од судското продолжение, Мурињо за момент влезе на теренот за игра, поради што главниот судија Крег Паусон го исклучи.

По натпреварот кој заврши со победата на Јунајтед (1:0), Португалецот не се жалеше на одлуката на судијата.

Откако беше анализиран судискиот извештај, ФА одлучи да не го казни Мурињо.

Дисциплинската комисија на ФА минатата година, во два наврата на Мурињо му изрече забрана за водење на тимот на еден натпревар, потсетува „BBC“ (Би-би-си).

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın