спорт

Аргентина и Русија отвораат реновиран стадион за СП во Москва

Русија на 14 ноември ќе одигра уште еден пријателски натпревар против Шпанија, но сѐ уште е непознато на кој стадион. Аргентина истиот ден ќе ги мери силите со Нигерија во јужниот руски град Краснодар

AP  | 21.10.2017 - Обновена : 22.10.2017
Аргентина и Русија отвораат реновиран стадион за СП во Москва

Moskva

МОСКВА (АА) - Аргентинската фудбалска репрезентација ќе одигра пријателски натпревар со Русија, со кој ќе се отвори реновираниот стадион во Москва и на кој ќе се одигра финалето на Светското првенство во 2018 година, јавува Anadolu Agency (AA).

Од Фудбалската асоцијација на Аргентина потврдија дека стадионот Лужники ќе биде место каде што ќе игра пријателскиот натпревари со Русија на 11 ноември оваа година.

Стадионот, кој првпат беше отворен во 1956 година, беше преуреден откако беше затворен во 2013 година. Скоро сите фасада од времето на советската ера се реновирани, а капацитетот е зголемен од 78.000 на 81.000 места. Отстранета е патеката за трчање која била користена на Олимписките игри во 1980 година, а трибините сега се многу поблиску до теренот.

Русија на 14 ноември ќе одигра уште еден пријателски натпревар против Шпанија, но сѐ уште е непознато на кој стадион. Аргентина истиот ден ќе ги мери силите со Нигерија во јужниот руски град Краснодар.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın